Пукање, тепачки, сообраќајки, кражби, дрога, апсења, биланс на полицискиот викенд

Најкарактеристичен настан што се случи викендов е трагедијата во која малолетна девојка доби струен удар откако се обидела да се прекачи преку вагон кој стоел на станицата во скопската населба Маџари. Девојката итно е префрлена во Ургентнио центар за укажување лекарска помош. На местото на настанот излегле дежурни екипи. Од МВР најавуваат повеќе детали по расчистување на случајот.

А завчеравечер во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза". Полицијата утврдила дека станува збор за 31 годишен маж од Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, биле заедно на лов. Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, двајцата другари слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во стомакот.

Од сообраќајниот билтен на полицијата викендов се регистрирани четири несреќи.

Првата се случила вчера на нива, во атарот на село Моноспитово-струмичко, 63 годишен струмичанец додека извршувал земјоделски работи со трактор удрил во метална шипка од пластеник и притоа се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.

А денеска рано утрото во МВР било пријавено дека во Скопје на крстосницата од булевар „Партизански одреди" со улица „Ангел Динев" се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило "фолксваген голф" со скопски регистарски ознаки, управувано од 41 годишен маж од село Грчец-скопско, и патничко моторно возило „нисан кашкаи" со скопски регистарски ознаки, управувано од 28 годишен скопјанец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца мажи, констатирани во Комплексот клиники "Мајка Тереза", а еден од патниците поминал со полесни телесни повреди констатирани во Градската општа болница "8-ми Септември".

Уште една сообраќајка се случила во Скопје на улица "Васил Ѓоргов" кога патничко моторно возило "сузуки" со скопски регистарски ознаки удрило во 73 годишен пешак кој се здобил со тешки телесни повреди.

А на патот Скопје-Тетово патничко моторно возило "хјундаи", со тетовски регистарски ознаки удрило во 48 годишен велосипедист од Скопје. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница "Св.Наум Охридски".

Со тешки телесни повреди се здобил и 18 годишен битолчанец кога на патот Битола-Пелистер пред село Магарево патничко моторно возило "опел вектра" со битолски регистарски ознаки, управувано од негов врсник исто така од Битола, излетало надвор од патот. Повредениот е прфрлен во Клиничката болница во Битола.

А на регионалниот пат Велес-село Извор, пред мостот на река Тополка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило "фолксваген туран" со велешки регистарски ознаки, и патничко моторно возило "југо" исто така со велешки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка од „југото". И двајцата се префрлени во Општата болница во Велес.

Министерството за внатрешни работи викендов продолжи и со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила. А на територијата на Битола полицијата казнила 124 возачи за брзо возење. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 27 надвор од населено место.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР) викендов биле пријавени шест физички пресметки и еден напад на вработен и кражба на пари на бензинска пумпа. Според МВР, тепачките се случиле во Скопје (Арачиново, Кислеа Вода, Бит Пазар и Шуто Оризари), Прилеп, Битола, Струга, Велес и село Пепелиште, неготинско а нападот и грабежот на вработен на бензинска пумпа се случил на патот Прилеп-Битола. Во пресметките учествувале вкупно 23 луѓе. Полицијата информира дека се работи на целосно расчистување на сите случаи по што ќе следат соодветни пријави против насилниците.

Освен кражбата на бензинската пумпа на патот Прилеп-Битола, кражба била регистрирана и во село Новаци, битолско од каде што било пријавено дека во објект на МЕПСО била извршена тешка кражба при што била одземена поголема количина кабел.

А недоразбирањата викендов биле решавани и со оружје.

Едно од нив се случило во скопското село Батинци каде малолетник со остар предмет му нанел повреда на друг малолетник, со кого се познавале. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Викендов полицијата имаше полни раце работа со дилери на дрога од кои беше запленета поголема количина различна дрога а дилерите беа уапсени.
Во четири случаи во скопски Аеродром, два во Драчево и еден во Гази Баба полицијата запелнила најмногу марихуана но и семки од канабис како и дигитални ваги и оружје. Уапсени се седум дилери против кои полицијата ќе поднесе кривични пријави.

Викендов полицијата уапси и двајца странски државјани кои со лажни документи за лична идентификација сакале да влезат во Македонија. Завчера утрото на граничниот премин "Меѓународен аеродром"-Скопје" при влез во Македонија, при извршена пасошка контрола било констатирано дека 27 годишен државјанин од Турција бил евидеитиран во оперативна евиденција со мерка "апси" по барање од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. А на граничниот премин "Табановце" уапсен е 26 годишен државјанин на Албанија затоа што приложил туѓа грчка лична карта на туѓо им. При извршен преглед кај него била пронајдена и албанска патна исправа Тој е уапсен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе