Приведено момче од Битола, четири месеци на рид одгледувал канабис

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против С.Ш.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како што соопшти МВР, во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабис сатива, добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба" и преземал активности за негово одгледување.

На 08.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пријавениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од слобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе