Полициски службеници од СВР Велес пред два дена ул.„Гоце Делчев“ во Велес ги лишиле од слобода велешаните Н.Л.(28) и Ј.Б.(25), откако при преглед во возило „фиат панда“, со велешки регистерски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени четири куршуми за пиштол со калибар 7.65мм.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.