Приведени тројца дрвокрадци во прилепско

Ноќеска во 00.40 часот на бензиската станица во близина на с.Беровци, прилепско, полициски службеници од Полициска станица Старавина ги лишиле од слобода М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, Ф.М.(26) од Прилеп и Х.Т.(49) од с.Големо Коњари, прилепско.

Како што соопшти МВР, тие се затекнати како со патничко моторно возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д., превезуваат дабови дрва, за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело „кражба“, казниво по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе