Полициски службеници од СВР Скопје денеска нешто после 14 часот во кругот на фабрика на улица .„Владимир Полежановски" уапсиле двајца скопјани.
„Тие беа фатени на дело како во патничко моторно возило „поло" со гостиварски регистарски ознаки го товараат украденото“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот, како што информираат од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок.