Приведени две лица за изнуда на 20 илјади евра од струмичанец

Полицајци од СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги привеле И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

На 09.08 2022 А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.
Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе