Приведени две лица во Гостивар за издржување затворски казни

Во два одделни случаи полицијата во Гостивар вчера и утрово приведе две лица кои се барале за издржување затворски казни, соопшти МВР.

Вчера во 15.05 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Ш.М.(53) од Гостивар. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Денеска, пак, во 09.45 часот во близина на автобуската станица во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ја лишиле од слобода М.И.(29) од с.Вруток, гостиварско. Таа била барана со потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од три години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 237 ст.1 од Кривичниот законик. М.И. ќе биде спроведена во установата за издржување на казната.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе