МВР

Приведени две лица, според полицијата, давале пари за гласање и правеле копии од лични карти

Попладнево полицијата уапси две лица за кои тврди дека на граѓани им дале пари во замена за гласање и од личните карти на тие лица направиле фотокопии. МВР за случајот веќе го информира Јавното обвинителство.

„Денеска  околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори, односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ 'поткуп при избори и гласање'.

На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе