Приведени „диви тркачи“ со мотори од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на ноќеска во времето од 19,00 до 03,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, информира МВР.

Притоа санкционирани се осум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив тројца моторциклисти биле приведени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода, поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите. Исто така и четири моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.    

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе