Приведени девет дилери на дрога во кругот на основно училиште во Тетово

Полициски службеници од Тетово вчера вечерта лишија од слобода девет дилери на дрога во кругот на едно основно училиште во Тетово, соопшти СВР Тетово.

Фото: Илустрација

„Полицијата ги лиши од слобода Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од село Стримница, Тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна“, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека Л.Л ќе биде спроведен во казнено поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе