Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, работел по дозволеното време

Полициски службеници од полициска станица Гостивар во содејство со Државен пазарен инспекторат синоќа при извршена контрола на угостителски објект на улицата „Балиндолска" во Гостивар, сопственост на М.Н.(55) констатирале дека објектот работел по дозволеното работно време, односно не се придржувал до пропишаното работно време при што во објектот имало присутни гости.

Како што информираат од МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. од Гостивар, е лишен од слобода.

„По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението на МВР.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе