Во Тетово

Приведен сопственик на угостителски објект поради непочитување на ковид-мерките

Полицијата приведе сопственик на угостителски објект од Тетово поради тоа што по дозволеното работно време, согласно ковид-протоколите, објектот бил отворен и имало гости.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа, околу 21.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што неговиот угостителски објект на улицата „Илинденска"  работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.

Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава според член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија".

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе