Приведен скопјанец баран со пет потерници, полицијата му пронашла кокаин и лажна лична карта

Во близина на трговски центар на подрачјето на Центар вчера во 14.40 часот припадници  на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Д.Т.(35) од Скопје, кој се барал по пет распишани потерници за издржување казна затвор.

Како што соопшти МВР, при преглед на патничкото возило кое го управувал биле пронајдени две пакувања кокаин. При проверката пак, лицето приложило лажна лична карта, наводно издадена од Република Словенија, со негова фотографија, но на туѓо име со словенечка адреса на живеење.

Д.Т. бил приведен во Полициска станица Центар и од страна на инспектори од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека лажната лична карта ја набавил од лице од Косово во 2018, преку посредник од Шпанија, додека престојувал таму и ја користел за движење низ европските земји, а во Македонија остварил илегален влез во 2020 година.

По документирање на случајот од страна на СВР Скопје против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе