Приведен шверцер на мигранти

На автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатната рампа Смоквица, полицијата го уапсила 49-годишниот М.Ш. од Скопје.

„При преглед во возилото „фолксваген пасат" со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти две од Индија и три од Куба", информираат од полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе