Приведен битолчанец со амфетамини

Полицијата вчеравечер приведе 37-годишен битолчанец кај кого било пронајдена дрога.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, вчеравечер го лишиле од слобода Р. П. (37) од Битола. При преглед кај истиот пронајдена е паковка амфетамин, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе