петок, 19 април 2024

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години

Полициски службеници денеска, околу 13:45 часот, во близина на границата со Албанија, привеле 31-годишен дебранец за доиздржување казна затвор во скопскиот затвор Идризово.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска на раскрсница помеѓу селото Бомово и Дебар, во близина на државната граница со Албанија полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода М.А. од Дебар. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело неовластено пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната“, соопштуваат од МВР.

Уапсениот ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ