МВР информира дека Ф.Ч. бил баран со централен распис од Одделението за криминалистички работи Карпош поради сомнение за извршени повеќе кривични дела „тешка кражба" на подрачјето на Град Скопје.
„Тој бил задржан во Полициска станица Карпош и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.