Приведен 17-годишник од Зелениково за разбојништво во обложувалници

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи - ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ноќеска околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром лишен е од слобода 17-годишник од с.Зелениково, скопско, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ на 27.05.2022 во спортска обложувалница во нас.Драчево.

Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил уште десет кривични дела „разбојништво“ и тоа на 27.05.2022 во уште две спортски обложувалници со закана кон вработените одзел пари, на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022, на 30.04.2022, на 27.03.2022, на 23.03.2022 и на 03.12.2021 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Кај лицето биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе