Притворен скопјанец, кај него пронајдени марихуана, екстази и амфетамин

Притвор за 37-годишно лице од Скопје поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Во домот на осомничениот 37-годишник, на улица „Народен фронт", при претрес на 16 ноември, биле пронајдени 943,59 грама марихуана, 302 таблети екстази, како и 20 грама амфетамин. Притоа биле запленети и парични средства стекнати со продажба на дрога, информираат од ЈО Скопје.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе