Притвор за тројца стружани: Го попречиле патот со автомобил и го нападнале возачот

Кривична пријава против Л.Б.(21) од струшкото село Шум, Е.И.(18) од селото Франгово и Р.Р.(21) од селото Теферич, поднесе ОВР Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство".

Пријавените, на 22.07.2022 на регионалниот пат Струга-Велешта, во близина на селото Враништа, со патничко возило го препречиле патот на патничко возило „фолксваген поло", со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(57) од селото Велешта, во кое биле членови на неговото семејство.

Притоа, со дрвени предмети го оштетиле возилото, а на Б.К. му нанеле повреди. Од страна на судија на претходна постапка, ним им е одредена мерка притвор.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе