Притвор за разбојник кој ограби аптека во Прилеп

Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал при МВР, во соработка со Секторот за внатрешни работи Битола - Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп и Одделот за униформирана полиција при БЈБ денеска, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело "разбојништво" извршено во аптека во Прилеп.

На 27.07.2022 И.З.(28) со закана со остар предмет кон вработената одзел пари.

На 03.08.2022 по добиена судска наредба полициски слјжбеници ивршиле претрес во домот на И.З. во Прилеп, при што тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и во службен разговор тој го признал делото. Денеска до Основното јавно обвинителство Прилеп против него е поднесена кривична пријава по член 237 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во КПД Битола.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе