Притвор за прилепчанец кој со нож ја избодел поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – убиство. Се обидел најпрво да ја задави жената, потоа ја бодел со нож, а соседите некако успеале да го отргнат.

Постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата „Дабничка" во Прилеп, со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата поранешна сопруга, соопшти обвинителството.

„Утрото на критичниот ден, тој дошол во куќата во која живеела оштетената, се качил во собата каде што спиела и најпрвин започнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал. Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата“, се вели во соопштението.

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност тој да избега, да влијае врз сведоците и оштетените или да го реализира обиденото кривично дело. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе