Прилепчанец се обидел да прегази полицајци

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Х.К. 35-годишниотод Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување  службено лице во вршење службено дејствие“.

„На 19 овој месец полициските службеници при преземање активности и мерки за пронаоѓање на пријавениот, за кој постоеле основи на сомнение дека бил извршител на кривично дело „предизвикување на општа опасност“, истиот бил забележан како управува патничко возило „ауди“, при што на бул.„Гоце Делчев“ и во с.Мажучиште, пред неговиот дом, бил направен обид за сопирање на пријавениот, но истиот со возилото се упатил кон полициските службеници, загрозувајќи ја нивната сигурност, по што со употреба на соодветни мерки и активности бил сопрен на патот за с.Долнени и лишен од слобода“, информираат од МВР.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе