МВР

Пријави за три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прославување на поголема група луѓе. Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди“, втората во општина Центар на булеварот „Илинден“ и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Контролирани се и 288 угостителски објекти и не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите за спречување на Ковид-19.

„Во текот на ноќта констатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18:40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита“, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Приведени се четири лица во тетовско за непостапување според здравствени прописи и агресивно однесување, односно тројца од нив како одговорни лица на угостителски објекти и казино работеле по дозволеното време и во нив престојувале гости.

Од МВР соопштија дека полицијата вчера еден час пред новата година и два часа по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект и казино во село Жеровјане, тетовско, кои работеле по дозволеното време.

-Од слобода биле лишени А.А.(30) од с.Боговиње, тетовско, и Б.П.(29) од Тетово, одговорни лица во објектите. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и ќе им бидат изготвени записници по чл.206 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Исто така, во објектот бил приведен и Б.К.(50) од с.Форино, гостиварско, поради агресивно однесување и непостапување по наредба на полициски службеник. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Вчера десет минути пред полноќ, приведен бил и Ф.А.(57) од село Порој, тетовско, сопственик на угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, кој работел по дозволеното време и во кој престојувале неколку гости. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе