Клиничка болница Битола

Пријава против битолски хирург, не ѝ помогнал на пациентка што поради тоа починала

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.А. (62) од Битола, хирург во Клиничката болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.

На 20 април годинава пријавениот извршил хируршка интервенција над С.П. (53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот што во исписната листа имало прекин од два дена.

На 25 април од домот на сега веќе починатата, телефонски била побарана лекарска помош од Итната медицинска помош и домашно лекување и била префрлена во Клиничка болница Битола. На пациентката не ѝ била дадена лекарска помош според стандардните лекарски процедури при внатрешни крвавења, по што на 26 април во 22.10 часот таа починала на Одделението за хирургија.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе