Кај с.Прдејци, гевгелиско

При судир на четири возила жена е тешко повредена, а еден избегал од местото

Вчера во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило фолксваген голф, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило форд фиеста, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Србија и товарно возило цитроен. со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото фолксваген голф, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе