Приведени се три лица

При претрес во Скопје најдени пиштол, муниција и други предмети од кривично дело

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во периодот од 05:40 до 06:30 часот на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Чаир, ги лишиле од слобода А.Ш.(40), Ф.В.(26) и В.Р.(20), сите од Скопје кои се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба" во куќи, станови и правни лица во градот, соопшти МВР.

По наредба на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле претреси на пет локации во Скопје.

При претрес во домот на А.Ш. биле пронајдени и одземени пиштол „глок 19" со четири рамки и 33 куршуми калибар 9мм, ремен од автоматска пушка, ласерски нишан за пиштол и други предмети поврзани со кривичните дела. Додека при претреси во домовите на Ф.В. и В.Р. биле пронајдени и одземени повеќе часовници од познати брендови и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 236 и член 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе