На 22 јануари 2022 година околу 14,35 часот било пријавено дека во Тетово на ул. „Благоја Тоска", се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во Е. Д. (17) од тетовското село Бродец, по што возачот го напуштил местотот.
Е. Д. бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му била констатирана тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.