Пожар на комунална депонија во Кочани

Отпадот на комуналната депонија на јавното претпријатие „Водовод" од Кочани е запален, а густ чад се шири кон градот и го загадува воздухот. Граѓаните утрово реагираа поради силната миризба на изгорени материи и бараат од одговорните во комуналното претпријатие да се преземат мерки за гаснење на огнот и елиминирање на чадот.

„Реакциите на граѓаните се оправдани затоа што од пред неколку дена градската депонија повторно чади. Причина за тоа е што имавме подметнат пожар, се сомневаме во неколку лица што се забележани околу локацијата и веќе доставивме пријава до полицијата. Полициски службеници излегоа на увид заедно со противпожарен инспектор, па очекуваме натамошна постапка. Депонијата редовно се третира со течен раствор од алги кои го спречуваат самозапалувањето на метанот, така што сегашното чадење е поради намерно потпалување на пластика и други материјали што се исфрлаат таму. Помогнат од силниот ветер, огнот се разгорува и чадот брзо се шири кон градските населби“, истакна Иван Иванов, в.д. директор на КЈП „Водовод".

За да се интервенира во гаснењето на депонијата, вработените во комуналното претпријатие ќе ја искористат наменската цистерна поставена на локацијата и со пумпи за вода ќе го спречуваат ширењето на огнот. Се размислува и за поставување видо надзор на неколку пункта на депонијата, за што претходно треба да се обезбеди електрична инсталација.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе