ВО ШТИП

Повреден мотоциклист, возачот на автомобилот избегал

Вчера во 19.40 часот во Штип, на крстосницата од улиците „Крушевска Република" и „5-ти Конгрес" се случила сообраќајна незгода помеѓу непознат автомобил, управуван од непознат возач и мотоцикл сузуки, без регистарски ознаки, управуван од К.К. (23) од Штип.

По незгодата возачот со патничкото возило го напуштил местото, а К.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По укажаната медицинска помош истиот бил пренесен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на патничкото возило и возачот кој го управувал, велат од полицијата.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе