Поткупувач од Делчево дал 3.000 денари за глас на изборите

Во Полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот  Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори.

Како што информираат од СВР-Штип, за случајот е известено Основното јавно обвинителство во Делчево и по насоки од јавен обвинител извршен е разговор со повеќе лица.

Паричните средства во висина од 3.000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.

Ова е втор случај на поткуп на гласачи во источниот регион, на територија на СВР-Штип. Првиот беше во општината Лозово.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе