Поради масовна тепачка во станица завршија 15 лица, меѓу нив и деца

Поради масовна тепачка која се случила во средата вечерта, полицијата приведе 15 жители на Гостивар и околни села. Од таму соопштуваат дека привршуваат со расчистување на случајот и дека биле приведени последните деветтемина кои учествувале во тепачката. Вечерта веднаш по инцидентот биле приведени 4 возрасни мажи и двајца малолетници. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен.

Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.

Приведените се на возраст од 40 до 55 години од гостиварското село Ѓурѓевиште.

„Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу перосналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух", соопштуваат од полицијата. 

 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе