Полицискиот ноќен радар регистрира 194 брзи возачи

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 20 часот па до полноќ Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи, информира МВР.

Десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе