Полицијата во Скопје казни 21 пијан возач

Сообраќајната полиција вчера во Скопје им напиша казни на 21 возач кај кои било утврдено дека возеле во алкохолизирана состојба. Вкупно за разни прекршоци биле казнети 190 учесници во сообраќајот.

За брзо возење биле санкционирани 68 возачи, пет за возење на нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе