Полицијата во ранецот на тетовец најде 1 кг марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово синоќа во 19.10, на улица "Благоја Тоска" во Тетово, го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана. Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тетовецот Г.Г. задржан е во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Со соодветен поднесок тој денеска (27 април) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, вели портпаролот.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе