Полицијата казни превозници, возеле во странство без лиценца

Полицијата од Граничниот премин Табановце за два дена пронашла и казнила пет патнички возила-комби кои вршеле меѓународен превоз на патници кои не ги почитувале соодветните закони, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

 

„При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од петмина струмичани било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз. По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово ќе поднесе пријава за кривичното дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца", информираа од МВР.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе