При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци.
Од нив 26 возила се испратени на вонреден технички преглед, а изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.