При контролата санкционирани се 170 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.
Од МВР велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.