Полицијата изрече 166 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи (МВР) во  текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Македонија и казни 166 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

Од 166 контроли, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место, информираат од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе