Полицијата изрече 136 казни за возачи во Скопје, 65 за брзо возење

Полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 136 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 14 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

 

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе