Полицијата им напиша казни на 14 пијани возачи и на 25 лица без возачка дозвола

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција напиша вкупно 131 казна, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 14 казни за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), информира МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат, предупредувата од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе