По претходна пријава

Полицијата го уaпси Емил Јакимовски

Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство, информираат од МВР.

Полицијата попладнево потврди дека Емил Јакимовски е приведен во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство.

„Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје“, соопшти МВР.

За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе