Полицајци влегле на концерт, приведени пет лица кај кои нашле дрога

Синоќа полицајци влегле на концерт што се одржувал во објект во центарот на Скопје, кај три лица нашле марихуана, кај едно дробилка за марихуана и кај едно лице прашкаста материја.

Фото: Архива

„Во текот на ноќта од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода биле лишени пет лица.

Притоа, кај Б.М.(45), А.С.(26), двајцата од Скопје и В.М.(27) од Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н.(23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А.(23) пронајдена е прашкаста материја.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе