Полицаец и две лица приведени за изнуда, зеле близу милион евра (ВИДЕО)

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода С.Д.(61), Н.К.(37) и полицискиот службеник М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „изнуда". По примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода, велат од МВР и информираат дека заради стар долг, постепено изнудиле близу еден милион евра.

Во информацијата се вели дека С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра. Во периодот од 2019 до 30 јуни годинава, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до вчера. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сѐ до конечната исплата на 560.000 евра.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода. Тие се задржани во полициска станица, а денеска против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе