Поднесена кривична пријава за насилството на Матка

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, против М.С.(40), Ќ.С.(23), М.С.(47), И.С.(25), Р.И.(24), Б.Е.(32) и В.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство", казниво по член 386 од Кривичниот законик.

„На 09.05.2020 околу 15.10 часот пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањон Матка во сопственост на А.С.(40), С.С.(41) и С.С.(31), сите од Скопје. Веднаш потоа, првопријавениот физички го нападнал А.С., додека четвртопријавениот со нож му се заканувал. Потоа, второпријавениот физички го нападнал С.С.(31). Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно – звучна сигнализација испукал еден проектил кон оштетениот А.С.“, се вели во соопштението на МВР. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе