Била примена во кома

Почина повредената жена во верижниот судир на автопатот Велес – Скопје

Повредената била примена во животозагрозувачка состојба, со тешки повреди на главата. 

Од Клиниката КАРИЛ известуваат дека нешто по 15 часот починала 38-годишната жена која беше тешко повредена во верижниот судар, на автопатот Велес – Скопје, што се случи утрово околу 8 часот. Повредената била примена со тешки повреди на главата, а лекарите велат дека била под постојан надзор, но не успеале да ја спасат.

Во сообраќајката полесно се повредени уште тројца патници меѓу кои сопругот на сега починатата и нејзината 10-годишна внука, а во верижниот судар учествуваа вкупно шест возила.

Се уште се утврдува причината за несреќата, но засега се знае дека коловозиот бил подмрзнат и видливоста била намалена.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе