Како што информира денеска МВР, при претрес на домот на Р.К., извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле два пиштола марка „валтер" и „лугер“ и 55 куршуми калибар 9 милиметри.
Оружјето е одземено, лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.