На Табановце

Откриени уште три возила без лиценца, а возеле патници во странство

При контрола на документи, полицијата на граничниот премин Табановце откри дека три возила немале лиценца за меѓународен превоз, но превезувале патници. Едниот возач бил од Струмица, другиот од Ново Село и третиот од Штип.

Полициски службеници од граничниот премин Табановце извршиле контрола на три вфозила со кои се вршел превоз на патници, информира МВР.

„При извршена дополнителна контрола на патничко возило 'пежо боксер', со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило 'пежо боксер', со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило 'цитроен џампер', со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделение за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите“, соопшти МВР.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе