По насоки од Јавен обвинител од ОЈО Куманово растенијата биле подигнати за понатамошна постапка. Додека, по преземени мерки и активности, денеска полициски службеници од СВР Куманово утврдиле дека П.С.(44) од с.Винце го сторил кривичното дело, односно вршел садење и одгледување на насадот со марихуана.
Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање и расчистување на случајот, СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.