„Патничко моторно возило фолксфаген голф со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Г.Д. од ова село излетало од коловозот. Возачот и тројцата сопатници пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Околу 19 часот и 20 минути на локалниот пат за тетовско „Бањиче", патничко моторно возило тико со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 22-годишниот тетовец И.Р., а во кое се превезувале уште четири други лица излетало од коловозот. Четворицата повредени пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски.
На двете места каде имало сообраќајни незгоди полицијата извршила увид.